Ракометарите на Франција се пласираа во полуфиналето на36-тато Светското првенство. Сребрените од претходниот Мундијал на убедлив начин се изборија место за ново полуфинале совладувајќи ја Чешка со 33:22.

Французинките беа во водство од самиот почеток, а на полувремето водеа со 18:16. На почетокот на вториот дел Чашка намали на 18:17, по што следуваше низа на „триколорите“  со три нерешени гола. Како одминуваше времето, така се зголемуваше разликата. Чешка во вториот дел постигна само шест гола и беше немоќна да стори било што повеќе.

Најдобра во победничките редови беше Естел Нзе Минко со пет гола, а Алиша Тубланк и Клои Валентини додадоа по четири гола.

Французинките за пласман во новото финале ќе играат против подобрата селекција од дуелот Шведска – Германија што ќе се игра утре.

Вечерва пак својот четвртфинален меч ќе го одиграат Холандија и актуелниот шампион и ко-домаќин Норвешка. Последниот пар за четвртфиналето го сочинуваат Данска и Црна Гора.