Македонските претставници во АБА2 лигата, ТФТ и Пелистер викендов ги играат последните натпревар од четвртот турнир што се одржува во Бања Лука.
Екипата од скопската населба Тафталиџе, ТФТ денеска против Осиек има можност да го поправи впечатокот по двата врзани порази на овој турнир, а воедно да го заврши истиот со трета победа сезонава.
Избраниците на Смилковски се на делба на 10 и 11 место со ‘скор’ две победи и седум порази, односно имаат една победа повеќе од денешниот противник.
Денешниот натпревар меѓу ТФТ и Осиек ќе започне точно напладне, односно во 12 часот, термин во кој утре (недела) Пелистер ќе го одигра својот меч против Златибор во ситуација кога двете екипи имаа ист учинок 6 победи и 3 порази и се на делба од 4-то до 6-место на табелата заедно со екипата на Сутјеска која битолчани пред два дена ја победија.