Македонска фудбалска репрезентација не успеа да одигра уште еден рамноправен натпревар против Италија.
Во претпоследниот од квалификациите за ЕУРО 2024, на гостувањето во Рим, на „Олимпико“, Македонија е поразена со Италија со 5-2.
Лошото прво полувреме и делумно доброто второ не беа доволни повторно да се изненади актуелниот европски првак.
А, домаќините рано го отворија резултатот.
Во 16-тата минута се закани Киеза, но Димитриевски добро беше поставен и исфрли во корнер. Но, по изведениот удар од аголот, нашите фудбалери подзаборавија на Матео Дармијан кој се уфрли зад нашата одбрана и донесе предност на Италија од 1-0.
Во 38-та минута повторно корнерот од левата страна им донесе голема можност на домаќините за нов гол.
Серафимов во нашиот шеснаесетник играше со рака, по што беше досуден пенал за Италија. Жоржињо ја изведе најстрогата казна но Столе Димитриевски го одбрани неговиот удар.
Нашите фудбалери не успеаја да ја расчистат ситуацијата. Во продолжението на акцијата топката дојде до Киеза кој со удар од 20-метри успеа да го совлада Димитриевски за водство на Италија од 2-0 во 42-та минута.
И кога сите очекуваа крај на првиот дел, во судиското дополнение (45+2) одново Киеза во со својот втор гол носи убедлива предност од 3-0 по првиот дел.
Во второто полувреме по првиот и нафрлувањето на Алиоски Јани Атанасов во 52.минута намали на 1-3.
Можеа домаќините минута подоцна повторно да вратат на три разлика, ако не беше Димитриевски да спречи хет-трик на Киеза.
Во 74-тата минута Јани Атанасов по втор пат се впиша во листата на стрелците. По неговиот удар кон голот топката го зафати Ачеби и го измами Донарума за 2-3.
За момент се понадевавме дека и на овој меч црвено-жолтите ќе извлечат поволен резултат. Но, следуваше нов гол на домаќинот. Во 80-тата минута по брзата контра од левата страна, Распадори го совлада Димитриевски за 4-2.
И кога сите очекувавме дека тука ќе заврши голеадата, Ел Шарави (90+3) ги постави конечните 5-1 за Италија.
За Македонија четвртиот пораз во овие квалификации и ќе остане на 4.место. Зад нас е само Малта која не освои ниту еден бод во осумте натпревари. Малтежаните вечерва на гости беа поразени од Англија со 2-0.
Англичаните го потврдија 1,место, а со тоа и пласманот на ЕУРО 2024-та. Италија тоа ќе треба да го стори во последното коло во дуелот со Украина.
Македонија пак во понеделник во Скопје ќе ја пречека Англија.