На „Олимпико“ во Рим, македонските фудбалери го играат претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕУРО 2024. 

Актуелниот европски шампион Италија по првото полувреме има убедлива предност од три гола.

Во раната фаза од мечот домаќинот поведе со 1-0. Во 16-тата минута се закани Киеза, но Димитриевски добро беше поставен и исфрли во корнер.

А, по изведениот удар од аголот, нашите фудбалери подзаборавија на Матео Дермијан кој се уфрли зад нашата одбрана и и донесе предност на Италија од 1-0.

Во 38-та минута повторно корнерот од левата страна им донесе голема можност на домаќините за нов гол. Серафимов во нашиот шеснаесетник играше со рака, по што беше досуден пенал за Италија. Жоржињо ја изведе најстрогата казна но Столе Димитриевски го одбрани неговиот удар.

Бадијала се покажа одбраната на Столе, кога во продолжението на акцијата нашите фудбалери не успеаја да ја расчистат ситуацијата.

Во продолжението на истата акциј, топката дојде до Киеза кој со удар од 20-метри успеа да го совлада Димитриевски за водство на Италија од 2-0 во 42-та минута.

И кога сите очекуваа крај на првиот дел, во судиското дополнение (45+2) одново Киеза во со својот втор гол носи убедлива предност од 3-0 по првиот дел.