Екипата на Пелистер го доби второто македонско дерби во регионалната АБА2 кошаркарска лига.

Попладнево во натпревар од 4.коло на турнирот во Златибор, тимот на Пелистер беше подобар од ТФТ со 83-79.

Екипата од скопско Тафталиџе подобро го почна натпревари, го доби првиот период со +7, а во вториот имаше и највисоки +9 (26-17). Но, тогаш избраниците на Радуловиќ како да се разбудија, Со серија од 11-0, пелистерци поведоа (28-26). До крајот на полувремето ТФТ постигна само шест поени, па Пелистер на одмор замина со +7 (39-32).

Во вториот дел. Иако битолскиот тим на почетокот на третиот период имаше и 10 поени предност, во последниот се влезе со израмнети 59-59.

Во последната четвртина двете екипи имаа свои добри периоди на игра. Затоа и честопати се менуваа во водство. На крајот, повеќе концентрација, нерви па и среќа имаа кошаркарите на 83-79 кои славеа со конечни.

Планиниќ со дабл-дабл со 23 поени и 14 скокови и Миловиќ со 16 поени беа предводници на пелистерци за кои двоцифрени беа и Бернард со 13 и Костовски со 11 поени.

За пелистерци ова е втора победа сезонава во која има и два порази, а ТФТ го претрпе третиот пораз.

На турнирот во Златибор остануваат да се одиграат уште делите од 5.коло.

Утре МЗТ за противник ќе ја има екипата на Борац Бања лука (12 часот).

Во недела, ТФТ од 15 часот ќе игра против Хелиос, а Пелистер од 18 часот за противник ќе го има Златибор.