Селекторот Благоја Милевски се реши за 11-мината македонски фудбалери кои ќе го почнат дуелот со Италија.

Мало изненадување е името на Димовски во бековскиот квартет, иако се очекуваше таа позиција да му припадна на Чурлинов.

Адеми, Барди и Елези е изборот на Милевски за средината на теренот.

Очекувано во нападот ќе бидат Елмас и Миовски.