Екипата на Пелистер ја прекина низата од пет победи остварени во домашното првенство. Во дуелот од АБА2 лигата пелистерци се поразени од Војводина попладнево. 

Тренерот Дарко Радуловиќ самокритичен, па вината за поразот ја бараше во своите редови. 

„Овој би рекол е еден добар пораз за нас. Затоа што, против ваква екипа ќе сфатиме до каде сме и што треба да поправаме.

Физичкиот дел се покажа како слаба страна и треба да работиме на тоа. бидејќи во АБА лигата ако не се квалитетни на физички план не ќе може да се носите со противниците“,

заклучи Радуловиќ по натпреварот. 

Пелистер во петок го чека македонското дерби со ТФТ.