Дерби натпреварот од 21 коло во евролигата се одигра во Мадрид, каде дуелот на вечните ривали, Реал и Барселона беше решен по дополнителните пет минути, по кои се радуваа домашните кошаркари и навивачи.
Откако во регуларниот дел Барселона беше во водство повеќе од 39-минити, Реал преку ветеранот Серхио Љуљ се избори за продолжение израмнувајќи на 73-73.
Во дополнителните 5 минути, повеќе нерви, но и концентрација имаа домашните кошаркари кои на крајот славеа со конечни 91-86.
Кај победничката екипа се истакна Аргентинецот, Габрриел Дек со 23 поени и 7 скокови, додека Љуљ средбата ја заврши со 19, а Босанецот, Муса со 18 поени. Кај Барселона, најефикасен беше Миротиќ со 17 поени, додека Чесите, Саторански и Весели постигнаа по 12.
Со оваа победа Реал сега е само на првата позиција на табелата со 14 победи, една повеќе од Олимпијакос, Фенербахче и Барселона.
Покрај овој натпревар вечерва се играат и средбите, Алба Берлин – Валенсија
Лион Вилербан – Фенербахче, Монако – Милано и Панатинаикос – Жалгирис, додека останатите дуели на програмата се утре, меѓунив и дербито меѓу Црвена Звезда и Партизан (19 часот)