,,Црвените Ѓаволи” успешно се опоравија од болниот пораз од Арсенал викендов во Премиер Лигата, па вечерва го совладаа Нотингем Форест во рамките на полуфиналето од ЕЛФ Карабао Купот со убедливи 0-3 и речиси обезбедија пласман во финалето.
Маркус Рашфорд во 6-тата минута донесе водство за гостите, а Вутер Вегхорст во 38-та ја зголеми предноста на 0-2, резултат со кој се замина на пауза.
Избраниците на Ериг Тен Хаг беа доминанти и во текот на второто полувреме, а потврдата за тоа стигна во 89-тата минута преку Бруно Фернандеш, кој со својот гол донесе убедлива победа од 0-3.
Со оглед на високата победа вечерва на гостински терен, Манчестер ќе треба само да го одработи реванш натпреварот на домашен терен кој е закажан за први февруари и да се пласира во финалето на ЕЛФ купот.
Во вториот полуфинален натпревар, Њукасл го совлада Саутемптон во првиот натпревар и тоа на гостински терен со минимален резултат 0-1.
Реваншот на тој натпервар се игра на 31 Јануари.
Финалето на Карабао купот е закажано на 26 Февруари.