Репрезентацијата на Македонија до 21 година во ноември ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за следните два натпревари.
Првиот македонските младинци ќе го играат домашен терен. Во рамките на четвртото квалификациско коло од групата Ц гостува Грузија. Потоа ќе следи и контролниот натпревар со Австрија на гостински терен.
На списокот се наоѓаат следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Стефан Митрев – Кожуф
Иван Николоски – Победа
ОДБРАНА:
Димитриј Поповски – Силекс
Стефан Деспотовски – Работнички
Решат Рамадани – Динамо Киев
Имран Фетаи – Тиквеш
Андреј Стојчевски – Жилина
Виктор Крстевски – Гостивар
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске
Ардијан Цилафи – Сампдорија
Хамза Рамани – Шкупи
Лука Станковски – Газиантеп
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Матеј Ангелов – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Каршијака
Фисник Исака – Б93
Методи Максимов – Шкендија
Христијан Георгиевски – Струга Трим Љум
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварда
Луан Абази – Шкупи
Димитар Трајков – А.П. Брера
„Се соочуваме со одредени проблеми во играчкиот кадар, особено ослабнати сме со отсуството на Бехар Фета поради повреда.
Андреј Стојчевски ќе недостасува поради картони, а Марио Ричков е уште еден фудбалер кој нема да биде во можност да се стави на располагање поради повреда,
Имаме тројца нови играчи Димитриј Поповски, Ардијан Цилафи, Фисник Исаки. Верувам дека ќе донесат добра енергија и квалитет во тимот“,
изјави селекторот Канатларовски.