Шпанскиот тим Реал Сосиедад е пред промоција во осминафиналист на Лига на шампиони.

Во првиот натпревар од „Д“ групата Сосиедад пред својата публика ја декласира португалската Бенфика со 3-1.

Многу рано домаќините ја најавија победата. Уште во 6.минута, Мерино го отвори резултатот, а во 11-тата Ајарзабал зголеми на 2-0. Веќе во 21.минута беше 3-0 за Сосиедад, а стрелец беше Баренчета. Имаа можност на полувреме да заминат и со четири гола предност домаќините но, Менде не реализира пенал.

По само четири минути игра во вториот дел, Бенфика преку Рафа Силва намали на 1-3.

Сепак до крајот на мечот португалскиот тим иако се обидуваше, не успееја да го избегне четвртиот пораз, со кој ги загуби сите шанси за нокаут фазата.

Затоа пак Сосиедад сега ќе го чека исходот од вториот натпревар од оваа група. Шпанскиот тим ќе навива за Интер да слави победа на гостувањето кај Салцбург и уште сега да го промовира Сосиедад во осминафиналист.

Д група
Р.СОСИЕДАД – БЕНФИКА  3-1
САЛЦБУРГ – ИНТЕР од 21 часот

Standings provided by Sofascore