Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја оствари шестата победа сезонава во Првата лига.

Аеродромци потешко од очекуваното славеа победа над Феникс со 73-64.

Во воведниот натпревар од 7.коло, МЗТ долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот. МЗТ ја доби првата четвртина само со два разлика (19-17), а гостите втората со седум (11-18).

Решавачки беше стартот на последната четвртина во која МЗТ Со серија од 9-0 се одлепи и прв пат поведе со двоцифрена разлика (62-52). Рутинирано во продолжението МЗТ ја одржуваше таквата разлика и на крајот славеше со +9 (73-64).

Војдан Стојановски со 20 поени беше прво име на натпреварот и во победничката екипа.

Останатите пет натпревари од ова коло ќе се играат во сабота, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
среда
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 73-64
сабота
18.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД
18.00 КОЖУВ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ (МРТ)
19.00 АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, ТФТ 11, Чаир 11, Еуро Никел 10, Пелистер 10, Феникс 10, Вардар 9, Работнички 9, Гостивар 8, Охрид 7, Кожув 7, Академија ФМП 6