Откако вчеравечер беа одиграни првата половина од натпреварите од 4-тото коло, вечерва во Лигата на шампионите нови осум натпревари.
Манчестер Сити и Лајпциг веќе се промовираа во осминафиналисти. По денешните натпревари тоа може да го сторат уште пет тима.
Минхенски Баерн и Реал Мадрид, кои имаат максимални 9 бодови, играат пред своите симпатизери против Галатасарај и Брага. Со победа ќе се пласираат во „нокаут“ фазата.
И во групата Д, иста шанса имаат Сосиедад и Интер, доколку ги совладаат Бенфика и Салцбург.
Екипата на Арсенал која е водечка во Б групата е во мала предност во однос на конкурентите. „Топџиите“ и со победа над Севиља нема да бидат сигурни и ќе го чекаат исходот од дуелот ПСВ – Ленс.
Сите голови од вчерашните натпревари, на едно место, може да ги гледате ОВДЕ.
А група
21:00 БАЕРН М. – ГАЛАТАСАРАЈ
21:00 КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР Ј.
Б група
21:00 АРСЕНАЛ – СЕВИЉА
21 :00 ПСВ – ЛЕНС
Ц група
18:45 НАПОЛИ – УНИОН БЕРЛИН
21:00 РЕАЛ М. – БРАГА
Д група
18:45 Р.СОСИЕДАД – БЕНФИКА
21:00 САЛЦБУРГ – ИНТЕР