По репрезентативната пауза, денеска повторно натпревар во домашното , македонското, ракометно првенство. 

Имено, екипите на Вардар и Бутел Скопје, попладнево ќе го одиграат својот натпревар од 9.коло. Ова е последниот дуел од „Б“ групата со кој практично ќе биде комплетирана и оваа рунда. 

Вардарци ќе атакуваат на својата осмата победа, со која ќе се израмнат со шампионот Еурофарм Пелистер на врвот на табелата. 

Бутелчани како и Пролет се зад водечкиот двоец на табелата со по 15 бодови.

Посетување дела во првиот меѓусебен дуел на отворањето на сезоната, вардарци го совладаа Бутел со три гола разлика 24:21. 

Денешниот дуел ќе започне од 19:30 часот. Натпреварот може да го гледате во ЖИВО ОВДЕ

ВАРДАР СО ПОБЕДА НАД БУТЕЛ
ЈА ЗАПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА
ВО ЖИВО | ВАРДАР – БУТЕЛ