Младата македонска репрезентација за ракометари до 20 години е во Анкара, на двомеч со врсниците од Турција.
Вчера во првиот натпревар напите младинци забележаа убедлива победа со 15 голови разлика. Сепак тоа нема да ги залаже избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ во пресрет на денешниот меч. Напротив.
„Тимот е максимално сконцентриран и мотивиран и за денешниот дуел.
Секој дуел е нова приказна велат од нашиот табор. Мора на секој натпревар да се даде максимумот.
Само така оваа репрезентација и самите ракометари може да напредуваат. Верувам дека и денеска ќе го демонстрираат тоа.
Нашата цел на овие и на идните натпревари е да ја воиграме селекцијата. Со овие натпревари добиваат дополнително искуство и созреваат како играчи кои наскоро треба да се филтрираат во А селекција. Среќни сме веќе двајца од нив се како резерви и целта е што повеќе играчи да го добијат тој статус“,
изјави селекторот Стојановиќ.
Денешниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе започне од 16 часот.
Овој како и сите идни натпревари во рамките на ЕХФ неделата, младинците ќе ги користат за подготвување за ЕП во Словенија претстојното лето.