Младата машка репрезентација на Македонија, сега до 20 години, вчеравечер го имаше својот прв собир.

Речиси истата селекција која изминатово лето нé израдува со својот настап на СП, сега ќе се подготвува за ЕП во Словенија 2024-та.

Одличниот настап на Мундијалот и постигнатите резултати ја кренаа самодовербата на овие млади ракометари.

Затоа и желбата за повторен собир и докажување е на највисоко ниво, вели Мирче Калајџиески ракометарот на Еурофарм Пелистер 2.

„Со нетрпение го чекав новиот собир, верувам и останатите во репрезентацијата.

Позитивната атмосфера е видлива уште од првиот миг.  Веруваме во напите квалитети, тоа за право ни го дава и настапот на СП во Хрватска.

Натпреварите што претстојат ќе ни бидат добредојдени за уште повеќе да се воиграме за Европскиот шампионат во Словенија.

Веруваме дека можеме да го повториме и надминеме успехот од Мундијалот“,

изјави Калајџиески, за СПОРТ+.

Прв тест за македонските младинци ќе бидат нивните врсници од Турција. Двомеч во Анкара, ќе се игра во петок и сабота во термините од 14 и 16 часот.