Со оглед дека одбојкарките ќе одиграат 14 рунди во првиот дел од сезоната во најквалитетната конкуренција, за нив ќе има поголема фрекфентност во настапите есенва.
Тоа значи дека во календарот се влезени и шест кола ѓто ќе се играат во среда. Така денеска на програмата се дуелите од третата рунда која носи два дерби натпревара.
Во првиот актуелниот шампион рехабилитација од понеделничкиот пораз од Јанта Волеј ќе бара во дуелот против Наковски волеј.
Второто дерби ќе го играат одбојкарките на Струмица и минатогодишниот вицепрвак Јанта волеј.
Двата тима во овој меч ќе влезат со по две победи остварени на стартот на шампионатот.
Екипата на Младост УГД ќе се обиде да го оствари првиот триумф во мечот против Фит фан волеј пред своја публика. Прва победа ќе забележи и Вардар тоа е јасно бидејќи меѓусебно играат екипите на Вардар жени и Вардар ЕМ.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 3.КОЛО
14.45 ВАРДАР ЖЕНИ – ВАРДАР ЕМ
16.30 РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
19.30 СТРУМИЦА – ЈАНТА ВОЛЕЈ
19.30 МЛАДОСТ УГД – ФИТ ФАН Волеј