Со натпреварот што вечерва ќе се игра во Куманово ќе биде комплетирано 4.коло во Втората машка кошаркарска лига. 

Екипата на МКК Куманово, предводена од екс-селекторот Марин Докузовски, во водените три натпревари покажа дека е фаворит број 1 за освојување на првото место во оваа конкуренција.

Кумановци имаат максимални три победи и се единствениот не поразен тим во новата сезона. Ќе се обидат и по вечерашниот дуел со Ангели да останат на победничкиот колосек. 

Од друга страна тимот предводен од Игор Гацов има за задача да им го оспори тоа. Минатата сезона Ангели беа блиску до прволигашкиот статус. На претходните три средби претрпеа и еден пораз од вториот фаворит во оваа конкуренција Шкупи. Евентуален триумф на гостите од Скопје ќе ја направи сезоната уште поинтересна. Во таква ситуација дури 6 екипи би имале по 7 бодови.

Вечерашниот натпревар меѓу МКК Куманово и Ангели ќе почне до 20 часот, а истиот ќе можете да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ. 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
среда
20.00 МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ
претходно одиграно
ШКУПИ – МЕГА БАСКЕТ 78:58
ТЕТЕКС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 61:91
РАБОТНИЧКИ 2 – СОКОЛИ 70:87
БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС 85:76
МАЏАРИ – КУМАНОВО 95:81

ТАБЕЛА: Шкупи 7, Соколи 7, Маџари 7, Водно Санс 7, МКК Куманово 6 (-1), МЗТ Скопје У.Б. 6, Борец Баскет 6, Ангели 5 (-1), Мега Баскет 5, Работнички 2018 5, Куманово 2009 Тетекс 4.