Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе се одигра еден натпревар. Станува збор за заостанатиот дуел од 5.коло меѓу Струга Трим Лум и Вардар. 

Актуелниот шампион Струга Т.Л. е пред императив на победа, особено по неделниот пораз на гостувањето кај Гостивар. Доколку стружани во моментов заостануваат 4 бодови во однос на двете прво пласирани екипи Шкупи и Шкендија. Затоа доколку сакаат да задржат чекорот во трката за титулата едноставно денеска мора да ги освојат трите бода. 

И Вардар е во иста ситуација, да мора да атакува на бодови. Вардарци грчевито се борат за опстанок во елитата. Тие се на последното место на табелата, но евентуален триумф може да ги искачи дури на седмата позиција. Тимот на Васовски е во во победнички ритам. Вардар на последните два натпревари славеше две победи со 1:0 во дуелите со Работнички и Брера Струмица. 

Токму затоа денешниот дуел ќе привлече големо внимание, а љубителите на фудбалот очекуваат бескомпромисна борба на двата тима. 

Денешниот натпревар меѓу Струга Трим Лум и Вардар што ќе започне од 13 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.