„Време е повторно да застанеме на тронот“
Навивачите на Вардар популарните „Комити“, со интересно видео на својата официјална Фејсбук страница, најавуваат дека и за нов завршува зимската пауза.
Првата нивна „акција“ ќе биде дуелот на ракометарите на Вардар кои на прциот дел во февруари ќе играат против белградски Партизан во рамките на регионалната СЕХА лига.
Црвено-црната „армија„ уште од сега, го повикува своето членство, да им дадат подршка на вардарци повторно да се вратата на тронор во СЕХА лигата.
Во продолжение, супер најавата на „Комити“ за дуелот Вардар – Партиза.
РК Вардар – РК Партизан (01.02.2023)
Паузата за секој навивач на Вардар е завршена. Ни претстои борба за првата титула годинава, шеста во рамки на СЕХА лигата. На 01.02.2023 против екипата на Партизан започнува нашиот поход. Време е во С.Ц. Јане Сандански повторно да загрми нашата песна, време е повторно да стапнеме на тронот. Земи го шалот, собери ја екипата и биди на трибина – тоа е се што се бара од тебе!
НАПОМЕНА: Скопје е црвено – црна престолнина, затоа уште од сега јасно укажуваме дека ќе имаме нулта толеранција кон секој навивач на белградскиот клуб, кој ќе се обиде да го омаловажи нашиот клуб и град. Околу ова нема дискусија!
Ова е воедно повик и до целото црвено црно семејство. Нека крца Јане Сандански – нека тргне походот со победа!
РК Вардар – РК Партизан (01.02.2023)