Женската фудбалска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во Лигата на Нациите.
Во натпревар од 2.коло во „Ц“ конкуренцијата (петта група), Македонија е поразена од Косово со 0-2.
Без најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, очигледно дека нашата селекција е далеку од конкурентна и тоа во најслабата конкуренција.
Гостинките од Косово целата работа ја завршија уште во првото полувреме, со головите на Лимани (21.минута) и Халилај (41).
За македонските фудбалерки ова беше втор пораз (Бугарија 0-1).
Следните два натпревари, Македонија ќе ги одигра на гостински терен.
Веќе во понеделник (31 октомври – 17 часот) повторни против Косово, а на 5 декември (17 часот) против Бугарија.
Standings provided by Sofascore