Репрезентацијата на Унгарија е на чекор до четвртфиналето откако во првиот натпревар од денешната програма во Гетеборг ја совлада репрезентацијата на Зеленортската република со 42:30. Унгарија има веќе 6 бодови, а до крајот на главната фаза треба да се играат натпреварите Исланд – Бразил. Ако нема изненадувања пред се ако Шведска ја победи Поругалија, не зависно од исходот на дуелот Исланд – Бразил, Унгарија ќе биде најдобра. Во случај на ист број на бодови со Исланд ќе бидат подобро пласирани бидејќи победија 30:28 во меѓусебниот дуел. Во натпревар каде и не се играше одбрана постигнати 72 гола, кај Унгарците по 7 голови постигнаа: Бодо, Роста и Бока, додека најефикасен на дуелот беше Ландим со 8 голови.
На дуелот во Катовице Словенија ја победи Црна Гора со 31:23. Алекс Влах со 6 голови беше најефикасен на дуелот. Словенија ќе биде третопалсирана во групата зад Франција и Шпанија, додека Црна Гора ќе го освои 5.место во групата.
Во Плоцк завршија натпреварите во групата 1 од Президент купот. Чиле ја победи Јужна Кореја и го освои првото место, додека Саудиска Арабија славеше над Уругвај со 28:27 за трето место во групата зад Ј.Кореја, а пред Уругвај.