Норвежанецот го брка рекордот на Алан Ширер

Ерлинг Халанд со трите денешни голови во победата на Манчестер Сити над Вулверхемптон со 3-0, веќе има повеќе хет-трикови во Премиер лигата од Кристијано Роналдо.

22-годишниот Норвежанец, го достигна и Луис Суарез на кој му беа потребни 81 натпревар за да стигне до бројката од 4 хет-трика. Халанд го направи тоа во 𝟭𝟵 меча. Сега напаѓачот на Манчестер Сити го дели само уште еден од легендарниот Алан Ширер кој во една сезона на пет меча има постигнато најмалку по три гола,

Иако ова е само 20.коло во Премиер лигата, Халанд веќе има постигнато 25 голови, а тоа е повеќе речиси од половина екипи во лигата или прецизно дури девет, додека цел тим на Линд Јунајтед има вкупно само еден гол повеќе од Норвежанецот.

Постигнати голови сезонава во Премиер лигата

Лидс Јунајтед 26
*** ХАЛАНД 25 ****
Астон Вила 23
Челзи 22
Борнмаут 19
Кристал Палас 18
Вест Хем 17
Саутемптон 17
Нотингем Форест 16
Евертон 15
Вулверхемптон 12