Возбудлив натпревар исполнет со многу шанси и голови, натпреварот Арсенал – Манечстер Јунајтед, го оправда епитетот деби на колото во Премиер Лигата, за на крај Едвард Нкетиа со гол во финишот да донесе голема радост за ,,топџиите” (3-2)

Англискиот напаѓач во редовите на ,,Црвените Ѓаволи”, Маркус Рашфрод, ја продолжи одличната форма и со гол во 17-тата минута го отвори резултатот. Лидерот на табелата, Арсенал, брзо одговори, па преку Едвард Нкетиа во 24-тата минута изедначи на 1-1, резултат кој остана непроменет до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел избраниците на Артета тргнаа посилно, а тоа резултираше со гол на Букајо Сака во 53-тата минута за водство на ,,топџиите” со 2-1. Само 6 минути траеше радоста на Арсенал пред Лисандрдо Лопез во 59-тата минута да изедначи на 2-2.

Букајо Сака, кој во 71-та минута ја погоди стативата на голот на Де Геа, со што најави дека Арснел ќе напаѓа за победа до крајот на натпреварот, а за голема радост на Емирати стадионот се погрижи Едвард Нкетиа кој со гол во 90-тата минута ги расплака ,,црвените ѓаволи” и ги постави конечните 3-2 за Арсенал.

Со оваа победа, избраниците на Артета повторно се одлепија во однос на главните конкуренти за титулата, Манчестер Сити и Јунајтед, па сега Арсенал има +5 и натпревар помалку во однос на Сити, додека пак Јунајтед заостанува дури 11 бода зад ,,топџиите”.