Две македонски екипи денеска имаат настап во АБА2 лигата, на првиот турнири што се одржува во Суботица. 

Вицепрвакот битолски Пелистер против тимот на Шенчур од Словенија, ќе одигра својот прв натпревар во новата сезона.  Ова воедно е и последниот меч од воведното, прво коло.

Овој натпревар започнува од 15 часот, а веднаш по него следува и првиот од 2-то коло. 

Во него од 18 часот повторно на паркетот ќе истрчаат кошаркарите на ТФТ.

Екипата од Тафталиџе против Широки Бријег ќе се обиде да го поправи впечатокот од првата средба која за загуби од Златибор 74-93. 

До крајот на турнирот, за нашите претставници, ќе остане да се одигра и првото македонско дерби МЗТ Скопје – Пелистер кое на програмата е во петок од 15 часот.

 

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА МАКЕОДНСКИТЕ ЕКИПИ
ВО АБА2 ЛИГАТА