Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со пораз (73-92) од Цедевита јуниор ја започна сезоната во АБА2 лигата.

13-те поени негатива е не ја отсукуваат реално очајната игра на МЗТ. Сино-белите може да бодат и „задоволни“ што загубија само со 13 разлика.

Очајно прво полувреме одиграа аеродромци

Предност од 6поени (12-6) до кракот на првата четвртина беше претворена во негатива од -6 (24-30). Уште полошо беше одиграна втората четвртина. Во неа хрватскиот тим имаше и 22 разлика, а на одмор замина со +16 (59-43).

Ништо не се смени ниту во второто полувреме. Го доби МЗТ третиот период (21-18), но тоа не беше доволно сино-белите да избегнат пораз.

Младите играчи на Цедевита едноставно го наттрчаа, натскокаа составот на Васко Атанасов, беа по мотивирани и по борбени,  па поразот беше неизбежен.

Ваков МЗТ во ниту во еден момент не покажа, дека амбициите за највисок пласман и враќање во АБА1 се сериозни.

Пантерски , единствена светла точка, кај македонскиот првак беше Војдан Стојановски со 16 поени, до некаде и младиот Танасковиќ со 11 поени и 6 скокови.

Атанасов и неговите избраници сега ќе има два дена пауза, добра да размислат и анализираат, како и да се подготват за петочното македонско дерби со Пелистер.

21-годишниот Лео Кучиќ на спротивната страна уфрли 22 поени и беше нај ефикасен на натпреварот. Него го следеше година постариот (22) Рашиќ кој додаде 18 поени.

Битолчани пак утре против Шенчур ќе го одиграат првиот свој натпревар. Дуелот ќе започне од 15 часот, а по него (18 часот) ќе следува настапот на ТФТ кој за противник ќе го има Широки.