Ракометните суперлигаши попладнево и вечерва одиграа три натпревари од 6.коло. Вардар кој беше „домаќин“ во Автокоманда го совлада тимот на Мулти Есенс со 33:24 и со тоа го продолжи максималниот учинок во Б групата. Нешто потешко до победата стига првакот Еурофарм Пелистер, кој оствари триумф над Пролет 62 со 26:22.
Во единствениот дуел од А група Тиквеш на домашен терен го победи Скопје 2020 со 44:32 и со тоа го задржа максималниот учинок пред дербито во четврток против Алкалоид во Автокоманда (дуел од седмото коло). Инаку Алкалоид вчера го победи МРК Куманово со 34:21 како гостин.
Утре се играат дуелите: Струга – Е.Пелистер 2 и Охрид – Аеродром (А група) и Прилеп – Голден Арт – Вардар Неготино – Бутел (Б група).
Табела А група: Алкалоид 18, Тиквеш 18, Охрид 9, Аеродром 9, Струга 6, Е.Пелистер 2, МРК КУманово 1, Скопје 2020 1.
Табела Б група: Вардар 18, Е.Пелистер 15, Пролет 62 12, Прилеп 6, Бутел 6, Голден Арт 6, Мулти Есенс 3, Вардар Неготино 0.

































