Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА, организираше еднодневна судиска работилница и тренинг камп.

Вкупно 52 наши судии беа дел од семинарот. Тие имаа  можност да го следат предавањето на влијателниот член на судиската организација на УЕФА и поранешен судија, Бјорн Кујперс.

На семинарoт судиите детално ги елаборираа правилата на фудбалската игра, начинот на судење и подобрување на носењето одлуки во спорни моменти од натпреварите.

Свое теоретско предавање во врска со физичките норми кои треба да ги исполнуваат судииите одржа и главниот кондициски експерт на УЕФА, Вернер Хелсен.

Исто така беше одржан и тренинг камп на кој беа претставени најновите методи и технологии за тренинг. На тренинг кампот беше ставен и акцент на правилното носење на судиски одлуки, гледајќи ситуации преку ВАР системот.