Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров остана единствен наш претставник на европската сцена.

Ѓорчепетровки со двете убедли победи над црногорскиот Тиват се пласираат во 3.коло на ЕХФ Европскиот куп.

На денешната ждрепка ,,лавиците” го дознаа противникот во 1/16-финалната рунда.

Белгискиот тим Ојпен е ривал ,,по мерка” перку кој Ѓорче Петров може до осминафиналето.

Во првиот меч македонскиот првак ќе гостува на 11 или 12 октомври.

Реванш средбата ќе се игра седум дена подоцна во Скопје (18 или 19 октомври).