Шампионот Наполи ја оствари четвртата победа во новата сезона на Серија А.
Наполитанците на гости кај Лече славеа со убедливи 4-0 во меч од 7-то коло.
Серијата на голови ја отвори Остигард уште во 16-тата минута. До вториот погодок се чекаше се до 51-та минута кога Виктор Осимен зголеми на 2-0.
Во самиот финиш уште два гола во мрежата на домаќините.
Во 88-та Гаетано беше стрелец на третиот, а Политано (90+5) ги постави конечните 4-0 на Наполи.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас остана на клупата и не доби шанса за настап.
Со трите освоени бодови и вкупно 14, Наполи се проби на 3.,место на табелата во исчекување на останатите натпревари од ова коло.