Дуелот меѓу Фенербахче и Монако го оправда приматот дерби на 20-тото коло во кошаркарската Евролига.
На средбата во Истанбул, двата тима имаа свои добри периоди на игра во кои и едните и другите имаа солидна предност.
Иако домаќините на 2 минути до крајот имаа и 8 поени предност (82-74), сепак не успеаја до крајот на регуларниот дел, да го приведат мечот во своја полза.
Со кошот на Џон Браун на пола секунда до крајот, францускиот тим го израмни резултатот на (84-84) и се избори за дополнителни пет минути. Во нив Фенер сепак имаше повеќе среќа, но и нерви, за на крајот заслужено да слави со 98-94.
Со третата победа во низа и вкупно 13-та сезонава, турскиот тим барем за миг се израмни во водечкиот Реал по бројот на победа.
„Кралевите„ утре во второто дерби од оваа рунда гостуваат во Атина кај Олимпијакос кој има една победа помалку од Реал и Фенербахче.
12-победи имаат и Монако и Барселона која вечерва во шпаската пресметка гостува кај Басконија.