Избраниците на Чави рутински се справија со третолигашот Сеута и се пласираа во четврфиналето на шпанскиот куп (5-0)

До убедливата победа од 5-0, Барселона дојде со головите на Рафиња во 41-та, Левандовски зголеми на 2-0 во 51-та минута, Фати во 70-тата за 3-0, Кеси во 77-та погоди за 4-0, а конечниот резултат на натпреварот го постави Левандковски во 90-тата минута со својот втор гол вечерва.

Барселона ја продолжи одличната серија резултати по светското првенство, откако на последните пет натпревари во сите натпреварувања, запишаа четири победи и едно реми.

Ждребот за следната рунда ќе биде откако ќе бидат познати сите четвртфиналисти