Македонија ја прослави втората победа во квалификациите за ЕУРО 2024-та, славеше против Малта со 2:0

Младиот дефанзивец Јован Манев беше стрелец на второто гол.

Тој во пратката изјава за СПОРТ+ вели: 

„Не се опишува постигнат гол за репрезентација тоа мора да се доживее.

Чест ми е што постигнав првенец и се надевам ќе има уште многу“. 

Манев и сите останатите репрезентативци, сега ќе им се посветат на клупските обврски до следниот предизвик во квалификациите, Украина.

Остварените резултати во дуелите со Италија и Малта, ја враќаа вербата, не само кај фудбалерите туку и целокупната јавност воопшто.

„Секогаш треба да се размислува позитивно и со такви мисли доаѓа успехот.

Среќен сум затоа што сите соиграчи веруваат во себе и тука сме сите еден за друг“,

додава Манев.

Следниот предизвик на македонските фудбалери е октомврискиот дуел со Украина на гостински терен (неутрален), најверојатно во Полска.