Кошаркарите на Германија против Србија ќе играат во дуелот за шампионскиот трофеј на Мундобаскет.

Ова е епилогот по вториот полуфинален натпревар на Светското првенство.

Откако Србија ја доби Канада, додека Германците ги совладаа фаворизираните и се изборија за финалниот натпревар.

Иако првото полувреме, се играше израмнето, за што говори и резултатот 60-59, за Американците.

И во второто полувреме иста слика. Гењрманија беше онаа која го контролираше резултатот. „Панцирните“ имаа и двоцифрена предност која за така-наречениот „Дрим тим“ беше недостижна, па Германија остана перфектна. Со триумфот со 113-111, Германија ја оствари и седмата победа во исто толку одиграни натпревари.

Така во недела во дуелот за бронзата ќе играат Канада и САД, а во финалето за шампионскиот трофеј ќе се борат Србија и Германија.

КОШАРКА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
ПОЛУФИНАЛНИ НАТПРЕВАР
СРБИЈА – КАНАДА 95-86
САД – ГЕРМАНИЈА 111-113

НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
(недела – 10 септември)
10.45 за 3-то место КАНАДА – САД
14.40 Финале  СРБИЈА – ГЕРМАНИЈА