Кошаркарите на Србија се првите кои обезбедија пламсна во финалето на Светското првенство.

Србија славеше победа над Канада со 95:86 (23 :15, 29:14, 23:24, 20:23) во првиот полуфинален натпревар на Мундобаскетот.

Србите одигра паметно во текот на сите 40 минути. Стрпливо во нападот, до лесни кошеви и цврсто во одбраната.

Најдобар стрелец кај победникот беше Богдан Богдановиќ со 23, додека Огњен Добриќ и Никола Милутинов придодадоа по 16, а Марко Гудуриќ постигна 12 пони.

Србите сега ќе го чекаат исходот од второто полуфинале кое ќе се игра од 14.40 часот. 

Во него, досега не поразената Германија ќе се сретне во Американците кои иако годинава се далеку од приматот „Дрим тим“ сепак важат за фаворити.