Џиотели, реномираната турска компанија за текстил и еден од најпознатите брендови за машка гардероба и Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) потпишаа договор за соработка и за поддршка на македонските национални тимови.

Џиотели, како докажан пријател на спортот станува дел од македонското фудбалско семејство.

Со новото партнерство, Џиотели обезбедува значајна поддршка за ФФМ за да поттикне нови успеси и заеднички победи.

„Ни претставува исклучително задоволство што нашата федерација добива нов партнер во името на Џиотели, еден од најпрепознатливите брендови од Турција, синоним за традиција и квалитет.

Нѐ радува тоа што Џиотели, партнер со повеќе од 20. годишна историја станува дел од македонското фудбалско семејство. Го започнуваме ова партнерство бидејќи делиме заеднички цели и императиви.

Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на соработката. Но, најважно за нас е дека одново ја потврдуваме својата вредност во општеството и квалитетот кој го имаме.

Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот на голем број на организации, активности и настани, сѐ со цел да се промовираат и да се прослават успехот и напредокот”,

истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Општествената одговорност како еден од императивите во работењето на ФФМ и Џиотели има за цел да ја потврди посветеноста на двете институции во создавањето убава приказна, мотивираност и желба за нови победи и напредок на тимот.

„Пренесувам поздрави од семејството Џиотели. Горд сум и почестен што денеска сум овде претставувајќи го семејството Џиотели, како турски бренд.

Македонија ја чувствуваме како братска земја.

Возбудени сме што ја објавуваме нашата одлука за соработка со Фудбалската федерација на Македонија.

Верувам дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас. Морам да бидам искрен и да кажам дека за нашата одлука големо влијание имаше мојот мал син, вљубеник во фудбалот и во оваа прилика би сакал да му пренесам порака

– Подгответе се за натпреварите и заедно да се радуваме со тимот и фудбалерите“, истакна на прес-конференцијата,

главниот менаџер на Џиотели, Сулејман Каја.