Доминација на Шпанците на домашната трка од МОТО ГП шампионатот што се возеше во Барселона за ГН на Каталонија.

Трката уште на стартот донесе голем инцидент. Уште на првата кривина излетаа дури пет возачи. Тоа беа Бастијанини, Зарко, Алекс Маркез, Марко Бецеки и Џиантонио.

Веќе на следната кривина, уште поголем инцидент откако лидерот и шампионот Пеко Бањаја доживеа страшен пад и беше прегазен од еден од возачите кои беа зад него.

Трката мораше да биде прекината, стјуардите веднаш покажаа црвено знаме. Сите се упатија во боксот, а повлекувањето во гаражите беше задолжително и поради првиот инцидент.

Бањаја беше изнесен на носилки и со амбулантно возило беше пренесен во најблиската болница, но на медицински прегледи замина и неговиот тимски колега, Бастијанини.

Па така во отсуство на најдобриот возач во Мото ГП, профитираа возачите на Априлија. Алеиш Еспаргаро и Маверик Вињалес, кои се погрижија за еден-два победа и историски ден за тимот.

Тоа беше прва еден-два победа за тимот на Априлија во историјата на „кралската класа“ по што донесе големо славје во таборот на тимот.

Шпанците ги освоија сите три места на подиумот, откако третото место го освои Хуан Мартин од Прамак Дукати. 

Во пласманот кај возачите Бањаја остана на 260 бода, Мартин сега има 210, Бецеки 189, Биндр 166, а А.Еспаргаро 154 бода.

Следната 12-та трка од МОТО ГП првенството ќе се вози следниот викенд во Сан Марино во Мисано на патеката Марко Симончели.