Германија убедливо ја доби Словенија во дербито од „К“ осминафиналната група на Светското првенство.

Дончиќ и Словенија беа немоќни против Шредер и Германците, па мораа да подадат рака на подобриот. До четвртата своја победа Германија стигна со конечни 100-71

Германците одиграа фантастично на третата четвртина која направија серија од 18-3 и отидоа на +21 (66-45). Таквата предност „панцирните“ знаеја како да ја одржат и да остварат победа за 1.место во групата.

И пред овој натпревар, двете репрезентации се пласираа во четвртфиналето, во кое противниците ќе бидат познати по натпреварот Канада – Шпанија.

Овие селекции во меѓусебниот меч решаваат кој ќе и се приклучи на Летонија, која со победата над Бразил го обезбеди своето место меѓу осумте најдобри.