Ракометарите на Вардар попладнево гостуваат кај и Рајн Некар Левен во реванш натпревар од квалификациите за ЕХФ Лигата на Европа.
Вардарци се пред невозможна мисија. Ова откако на првиот натпревар во Скопје, германскиот тим славеше убедлива победа со девет голови разлика (34:25).
Секако спортски е да се надеваш на чудо и да се бориш за тоа, но реално Вардар е пред елиминација.
Едно е сигурно дека црвено-црните не заминаа во Германија со „бело знаме“, па може да очекуваме дека овојпат поскапо ќе ја „продадат кожата“.
Дали тоа ќе биде доволно барем за позитивен резултат, останува да се види.
Почетокот на натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Вардар е закажан со почеток за 16 часот.