Репрезентацијата на Италија го доби Порторико во првиот од четирите денешни натпревари кои решаваат за пласман во четвртфиналето на Мундобаскет.

Можеби потешко од очекуваното сепак Азурите ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 73-57. Со оваа победа тие го обезбедија своето место во четвртфиналето.

Кој ќе им се приклучи од оваа група во четвртфиналната рунда, ќе дознаеме по натпреварот Србија – Доминиканска Република (14 часот).

Двете селекции бркаат победа. Доколку Србите слават тие ќе бидат второ рангирани и ќе играат со Американците.

Во спротивни. Победа на Доминикана би и донел прво место, па Италија ќе се игра против САД во четвртфиналето.