Трет ден натпревари на Европското првенство во одбојка. Тој ни го носи за нас Македонците најважниот натпревар, еден од седумте денеска.
Дуелот на Македонија – Данска, на отворањето на средбите во „Ц“ групата кои ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов, кој ќе го игра своето третото Европско, за СПОРТ+, ги анализира ривалите од групата.
За првиот (вечерашниот) противник искусниот Љафтов вели:
„Селекција која има стил и начин на игра како и нашиот.
Оваа репрезентација добро сервира, но сметам дека се на наше ниво и се ќе зависи од нашата игра.
Пред некоја година во Струмица загубивме од нив што ми „падна“ тешко, но потоа ги победивме на нивни терен со 3:0.
Сега треба да им се реваншираме за поразот во Струмица“
Натпреварот Македонија – Данска започнува од 20 часот, а одбојкарите очекуваат голема поддршка од трибините.
Во скопската група се и, Црна Гора, Полска (светски вицепрвак), Холандија и Чешка.