Српскиот репрезентативец и поранешен европски првак Богдан Радивојевиќ е нов член на Еурофарм Пелистер.

Десното крило потпиша едногодишен договор, а веќе е во Македонија и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

30-годишниот Радивојевиќ доаѓа како етаблиран ракометар кој веќе тринаесет години по ред игра во Лигата на шампионите, а има и една титула во ова натпреварување, освоена со Флензбург во 2014 година.

Последен клуб на Радивојевиќ беше ПИК Сегед, а претходно настапуваше за Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен.

Радивојевиќ е стандарден член на српската репрезентација, со која настапуваше на голем број големи натпреварувања.

Официјалното претставување на Радивојевиќ е предвидено на почетокот на месец септември.