Ракометарите на Вардар вечерва ќе го играат првиот натпревар против фаворизираниот Рајн Некар Левен.
Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ е први меѓу овие два тима во квалификациите за ЕХХ Лигата на Европа.
Вардарци очекуваа голема поддршка од трибините од своите верни навивачи „Комити“.
Но, ракометарите ќе имаат поддршка и од останатиот дел од Вардаровото семејство.
Фудбалерите и фудбалерките на Вардар ќе им дадат поддршка на ракометарите.
Натпреварот Вардар – Рајн Некар Левен започнува од 19 часот.