Со трката во Холандија шампионатот во Формула 1 продолжува по летната пауза, пред која Ред Бул ги оствари сите 12 победи.

Од двете слободни тренинг сесии на патеката Зандворт заклучивме, дека Ред Бул не доминираше како на претходните трки.

Иако Верстапен оствари најдобро време на првиот тренинг, сепак на вториот Норис од Мекларен оствари подобро време од холанѓанецот.

Дали тоа ќе биде одлична најава за денешните квалификации останува да видиме.

Сепак актуелниот шампион Верстапен ќе вози пред домашна публика на свој терен. Сигурно ќе даде се од себе да стигне до нова победа за радост на своите фанови кои сигурно ќе дојдат во голем број.

Денеска се вози уште една тренинг сесија која е закажана во 11.30 часот, а квалификациите ќе почнат во 15.часот.

Трката за Големата награда на Холандија е закажана за в недела од 15:00 часот.