Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија патува за Хрватска каде ја очекува настап на Светското првенство.
Македонија ќе биде дел од Мундијалот за ракометари до 19 години, што стартува на 2 август.
Иако ова е прво вакво искуство, голман Давид Брестовац верува дека неговата генерација може да се израдува на победа.
„Подготовките поминаа одлично. Добро се подготвувавме секој натпревар. Мислам дека секој натпревар ќе си има посебна тежина. Одиме во Хрватска да се надигруваме со сите. Некои од противниците, а можеби и сите не сметаат за аутсајдери. Но, јас не ислам така. Мислам дека можеме со сите да се надигруваме. Ќе покажеме дека можеме, дека сакаме и ќе се бориме со сите, дека ја посакуваме таа победа и дека сакаме да се пласираме во следниот круг “,
вели оптимистички младиот Брестовац.
Задачата нема да биде нималку лесна, бидејќи квалитетот е далеку поголем од она што досега го минале и осетиле овие млади момчиња.
Шансата за тоа македонските младинци ќе ја барата на натпреварите во Ријека, каде ќе се играат дуелите од Ф групата.
Во неа Македонија редоследно ќе игра против Норвешка, Црна Гора и Грузија, почнувајќи од 2 август.