Со денешните осум натпревари што се играат во групите Е,Ф,Г и Х ќе биде комплетирано првото коло на Светското првенство во Полска и Шведска.
Првите натпревари изминативе два дена не донесоа изненадувања.
Вечерва својот прв натпревар ќе го игра и Македонија која во рамките на групата Ф во Краков ќе игра против Норвешка, првиот фаворит во групата.
Распоред на натпревари:
Е група 1.коло (Катовице)
Германија – Катар (почеток 18 часот),
Србија – Алжир (20:30 часот)
Ф група 1.коло (Краков)
Аргентина – Холандија (18 часот),
Норвешка – Македонија (20:30 часот)
Г група 1.коло (Јенчепинг)
Мароко – САД (почеток 18 часот),
Египет – Хрватска (20:30 часот)
Х група 1.коло (Малме)
Бахреин – Тунис (18 часот),
Данска – Белгија (20:30 часот)