Кошмарно деби во редовите на Челзи имаше младата португалска ѕвезда Жоао Феликс, кој оваа зима се пресели во редовите на сините од Лондон, а дефинитивно првиот меч во новиот клуб нема да го памети по добро.

Имено младиот Португалец со жесток старт врз противничкиот играч беше исклучен во 58-та минута од натпреварот, а Фулман знаешe да го искористи тоа и преку Карлос Винициус во 73-тата минута да дојде до победа од 2:1.

Ова е уште еден, седми пораз оваа сезона за Челзи со што остануваат на десеттата позиција на табелата, далеку од најдобрите четири

Фулам со оваа победа дојде до 31 бод и шеста позиција на табелата