Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на фјучрс турнирот во австрискиот град Тефлс што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Тој во мечот од 1.коло загуби од Швајцарецот Никола Парициа со 2-0 во сетови (7:6 и 6:3).
Калин кој беше трет носител, мечот го почна како што можеше да се посака. Направи брејк во вториот гем и водство потоа од 3:0. Сепак, противникот веднаш направи брејк и изедначи на 3:3. Во следните гемови тенисерот на сервис го освојуваше гемот и првиот сет се решаваше во тај-брекот. Парициа поведе со 3:0 и со 6:1 на поени и на крајот со 7:3 на поени го доби првиот сет.
Во вториот сет имаше само еден брејк и го направи швајцарскиот тенисер во шестиот гем кога поведе со 4:2, а потоа и со 5:2 што се покажа како решавачко бидејќи сетот го заврши со 6:3 во гемови.
Следната недела Ивановски е пријавен да игра на фјучрс турнир во австрискиот град Крамсах.