Младата македонска репрезентација за одбојкари до 17 години, претрпе втор пораз на Балканското првенство што се одржуваа во Тирана. Јуниорите по вчерашниот пораз од Албанија со 3:1 во сетови, денес загубија и од Северниот сосед, Србија со максимални 3:0 (16:25; 13:25; 14:25)
Македонските јуниори одлично влегоа во натпреварот па со мини серија дојдоа до 5:2, а потоа и до 7:4, и 8:6. Меѓутоа во тој момент противникот уфрли во брзина погоре и со серија од 4:0, дојде до пресврт и предност од 8:10. Па потоа само ја зголемуваше разликата за со неколку серии дојдат до освојување на првиот сет, со 25:16
Вториот сет продолжи во знакот на Српските јуниори кои брзо дојдоа до убедливи 10:3. Истиот ритам продолжи до крајот на сетот кој му припадна на противникот со убедливи 13:25.
Разликата во квалитет се потврди и во третиот сет, па по почетниот егал, 4:4, Србија направи мини серија и дојде до осетна предност од 8:5, што беше причина селекторот Ванче Санев да повика тајмаут. Меѓутоа ниту тоа не помогна па предноста на противникот само растеше, за конечни 14:25.
Македонските одбојкари ги очекува дуел со врсниците од Турција