Откако вчера беа поразено од домаќинот Албанија со 1:3 во сетови попладнево нашата млада машка селекција на одбојкари до 17 години го игра вториот натпревар на Балканското првенство во Тирана.
Избраниците на селекторот Ванче Санев имаат тешка задача, бидејќи во дуелот од 2.коло на А групата попладнево се среќаваат со фаворитот во за највисок пласман на првенството, селекцијата на Турција која вчера убедливо со 3:0 ја победи Србија
А, токму Србите ќе им бидат следните противници на македонските одбојкари во мечот од последното 3.коло закажан за утре (сабота)
Натпреварите на нашите млади одбојкари можете да ги гледате во ЖИВО ОВДЕ